Достапни линкови

Поради дојава на бомба евакуирана зградата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“


Илустрација - Принтскрин од интернет страницата на „Слободна Далмација“.

Поради дојава за поставена бомба, евакуирана е зградата на „Слободна Далмација“. Евакуацијата е извршена околу 12 часот откако непознато машко лице пријавило на редакциски телефон дека е поставена експлозивна направа во објектот, поради што полицијата била повикана.

Полицијата се наоѓа во зградата и врши претрес, јавија хрватски медиуми.

XS
SM
MD
LG