Достапни линкови

Од среда нови горештини, температурата до 40 степени


УХМР информира дека од средината на неделава македонија ја очекува многу топло време со температура до 40 степени. Според метеоролозите, зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има и утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

XS
SM
MD
LG