Достапни линкови

Законот за попис денеска пред Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање. Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања 2018 - 2022, Државниот завод за статистика во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот Попис на населението, становите и домаќинствата.

Транспарентност на процедурите и постапките при спроведувањето на Пописот, неутралност и објективност во сите фази од процесот, стручна независност на надлежните органи и користење научни основи во методолошкиот пристап и подготовката на резултатите, како и доверливост и заштита на индивидуалните податоци, се целите и начелата на законот што се предлага.

Според Предлог-законот, се предвидува дека за Пописот ќе бидат потребни 522.751.000 денари од кои 221,315,000 за 2019 година и 301,436,000 за 2020 година. Финансиски импликации врз државниот Буџет ќе има и во 2021-ва (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање), но во предложеното законско решение не пишува колкава сума треба да се проектира.

XS
SM
MD
LG