Достапни линкови

Осомничениот го призна убиството на романската тинејџерка


Од протестот во Букурешт поради бавното ангажирање на полицијата

Мажот кој романската полиција го уапси поради силување и убиство на 15 годишно девојче го призна тоа злосторство, како и убиството на уште една тинејџерка. Неговиот адвокат Богдан Александру изјави дека Георге Динка и признал на полицијата дека ги убил 15 годишната Александру Мачесану и 18 годишната Луиза Меленку и оти ги запалил нивните тела. Мачесану била грабната во четвртокот, а Меленку исчезнала во април. Шефот на романската полиција Јоан Буда беше сменет по обвинувањата дека полицијата пребавно реагирала на телефонските повици на Мачесану дека била грабната.

XS
SM
MD
LG