Достапни линкови

Осум мртви во земјотрес на Филипините


Земјотрес и дополнителен потрес кој бил уште посилен денеска го погодиле островот Батан на северот од Филипините, при што загинале 8, а повредени се околу 60 лица. Се наведува дека првиот удар на земјотресот имал јачина од 5,4 степени по Рихтер, а потоа следел уште еден од 5,9 степени. Извршниот директор на владината агенција за вонредни ситуации Рикардо Халад изјави дека дел од зградите на овие острови популарни меѓу туристите се урнале.

XS
SM
MD
LG