Достапни линкови

Ердоган: Рускиот систем С-400 ќе биде оперативен во април


Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Турција планира да го започне користењето на ракетниот одбранбен систем С-400 во април.

"Наредната пролет, во април 2020 година, ќе можеме да го користиме овој систем", рече Ердоган на собирот на неговата Партија за правда и развој (АКП) во Анкара.

Воените претставници на САД и НАТО долго време се спротивставуваа на купувањето на С-400 од Русија, велејќи дека тоа не е компатибилно со воените системи на сојузот и дека ќе ги загрози новите авиони Ф-35 што ги користи Западот.

Русија овој месец почна со испорака на компоненти на системот С-400, а Вашингтон реагираше со тоа што ја исклучи Турција од својата борбена авионска програма Ф-35.

Ердоган, исто така, рече дека Турција ќе се сврти кон други можности за набавка на борбени авиони ако САД не им ги испорачаат Ф-35.

XS
SM
MD
LG