Достапни линкови

Македонија 84-та на листата најсреќни земји на светот


Според светскиот извештај за среќа „World Happiness Report", кој се прави секоја година, најсреќните луѓе живеат во Финска, додека Македонија се наоѓа на 84то Место. Според оваа листа, Македонија е 84то место на светот, што воедно е и на најлошото место на Балканот.

Најсреќни на Балканот се Словенците на 44то место, па Косова на 46то место, додека Србија на 70то, Црна Гора на 73то и Хрватска на 75то место. Најблизу до Македонија е Босна и Херцеговина на 78то место.

Во текот на изработка на листата во предвид се земаат БДП по глава на жител, социјална поддршка, очекувано траење на животот според здравјето, слобода во носење на одлуки, добродушност и прецепција за корупција во земјата.

Во првите 5 најсреќни земји освен Финска се вбројуваат и Данска, Норвешка, Исланд и Холандија. Помеѓу најнесреќните земји се најдоа Јужен Судан, Средноафричката Република, Танзанија и Авганистан.

XS
SM
MD
LG