Достапни линкови

Ердоган: Турција е решена да го уништи терористичкиот коридор во Сирија


Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција е одлучна да го уништи „терористичкиот коридор” источно од реката Еуфрат во Сирија, без разлика како ќе завршат преговорите со САД за планираната безбедносна зона во северниот дел од земјата.

„Оние кои им ја даваат својата доверба на странските сили во регионот, ќе бидат ставени под земја. Ќе најдеме трајно решение за тероризмот“, рече Ердоган пред членовите на неговата Партија за правда и развој.

Турција ги зајакна предупредувањата во последните денови за можен упад во северниот дел на Сирија, додавајќи дека „веќе нема трпение да разговара со Вашингтон за безбедносната зона и оти ќе започне своја операција доколку не биде постигнат договор“.

XS
SM
MD
LG