Достапни линкови

Заев: Ако нема закон за ЈО државата ќе биде приморана да бара непосакувани решенија


Посакувано решение за законот за ЈО за мене е тој да биде донесен со консензус со опозицијата, зашто во спротивно, државата ќе биде во непријатна состојба да се изнаоѓаат други можни непоакувани решенија, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес конференцијата по средбата со в.д. помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

Ова беше појаснување на премиерот за тоа што мислел со тоа што го кажал на седницата за пратенички прашања дека ако законот за СЈО не се донесе во предвидениот рок, тогаш тоа ќе се случи на непосакуван начин. Премиерот појасни дека посакуван начин значи, како и досега во последните месеци што покажа РСМ, низ дебата утврдување на законско решение кое што никако нема да дозволи да се нарушат црвените линии, а тоа е владеење на правото, гарантирање на иднината на СЈО, но и создавање на Лекс специјалис – законот за јавно обвинителство кое навистина ќе ја гарантира правната држава и владеење на правото.

„Ако до 15 септември не се донесе законот, државата ќе биде во непријатна состојба да изнаоѓа непосакувани начини за да продолжи да работи ЈО, затоа што не ги знам, но знам дека ќе бидат непријатни и понепосакувани, оти ќе мора да седиме на лидерски средби, да доаѓаат експерти, стручњаци, да изнаоѓаме решенија“, рече премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG