Достапни линкови

Австрија распиша потерница по руски шпион


Австриската полиција распиша потерница за Русинот Игор Егорович Зајцев, кој е осомничен дека во Австрија шпионирал за руската воена разузнавачка служба ГРУ. Државното обвинителство во Салцбург издаде налог за апсење поради сомнеж дека е поврзан со оддавање државни и воени тајни, објавија новинските агенции.

Полицијата и обвинителството не сакаат да соопштат детали во врска со овој случај, но медиумите го поврзуваат со шпионажа, поради што е уапсен еден пензиониран офицер на австриската војска од Салцбург. Овој 70-годишен маж се наоѓа повеќе месеци во истражниот затвор во Салцбург. Тој пред пензионирањето работел во Одделот за структурно планирање при Министерството за одбрана, а осомничен е дека од 1992 година до есента минатата година илегално набавувал информации за руската ГРУ.

XS
SM
MD
LG