Достапни линкови

Мета побарал помош од ОБСЕ за кризата во Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета на средба со генералниот секретар на организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, Томас Гремингер, побарал ОБСЕ што поскоро да посредува меѓу политичките партии во земјата за решавање на кризата.

„ОБСЕ има посебно значење за евроатланската безбедност и за Албанија посебно. Таа е првата мултилатерална организација во која Албанија се приклучи по падот на комунизмот и која даде континуирана поддршка за зајакнување на демократијата и владеењето на правото во нашата земја. За да се врати нормалното функционирање на демократските институции и да се избегне натамошна ескалација на многу критичната ситуација во земјата, во интерес на кредибилитетот на ОБСЕ е што поскоро да се вклучи во надминување на сериозната криза во Албанија“, рекол Мета.

XS
SM
MD
LG