Достапни линкови

Комитет на Сенатот на САД го ратификува Протоколот за НАТО


Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Веста за ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбук ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.

Зелено светло за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја- членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници, со што земјава и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.

XS
SM
MD
LG