Достапни линкови

Дијалогот Белград- Приштина, главна тема на средбата Хан- Вучиќ


Јоханес Хан и Александар Вучиќ

Eврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан синоќа во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого разговарал за ситуацијата на Западен Балкан и за следните чекори на Србија на европскиот пат. Главна тема бил застојот во дијалогот Белград- Приштина и настанатата ситуација по оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ по средбата.

Претседателот Вучиќ рече дека Србија во оваа прилика, како и секогаш, реагирала мирно и одговорно. Тој му се заблагодари на комесарот Хан за разбирањето и ангажирањето во деблокирањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, се додава во соопштението.

Комесарот Хан уште еднаш ја истакнал својата подготвеност да се обиде да помогне за стекнување услови за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Кога станува збор за европските интеграции, комесарот Хан ја повика Србија да го забрза процесот на реформи и да работи со поголема решителност за владеењето на правото, наведуваат од Кабинетот на српскиот претседател.

XS
SM
MD
LG