Достапни линкови

Османи: И на Хан му кажав, мора да има обвинителство за висока корупција


Јоханес Хан и Бујар Османи

Европската комисија кажа дека Република Северна Македонија ги има исполнето критериумите и му препорачува на Советот да одобри датум за преговори, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги испонува критериумите за почеток на преговори со ЕУ.

„Денеска имав средба со еврокомесарот Јоханес Хан и кажав дека нашето мото во овој период по јуни беше реформи – реформи до октомври. Прашањето што до октомври треба да го заокружиме е законот за Јавно обвинителство и тука ставовите на сите ни се јасни. Мора да има обвинителство односно институција која ќе се занимава со висока корупција и второ дека мора да се продолжи со тоа што е почнато од страна на Специјалното јавно обвинителство, нагласи Османи.

XS
SM
MD
LG