Достапни линкови

Мицкоски со критики за владата на средбата со Хан


Христијан Мицкоски

Aктуелната политичка состојба, европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава биле темите на средбата на еврокомесарот Јоханес Хан со опозицискиот лидер Христијан Мицскоски.

Мицкоски му рекол на Хан дека е загрижен поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори, како и поради, како што рекол, „отсуството на волја кај владата во справувањето со растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта“.

„Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина“, рекол Мицкоски на средбата со Хан.

XS
SM
MD
LG