Достапни линкови

Албанското Собрание бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на Мета


Албанскиот претседател Илир Мета

Албанското Собрание, по предлог на анкетната комисија побара од Венецијанската комисија итно мислење околу разрешувањето на претседателот Илир Мета. Во барањето кое е потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одовор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката по постапката што ја почна мнозинството за негово разрешување и формирањето на анкетната комисија.

Во барањето направен е и приказ на ситуацијата во земјата, почнувајќи од одредување на датумот на локални избори од страна на претседателот, ставот на опозицијата за откажување од мандатите, бојкотот на изборите од страна на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција, судирите во изборните комисии и одбори во општините предводени од претставници на опозицијата, па се до 30 јуни, денот на изборите и формирањето на анкетната комисија за разрешување на шефот на државата.

XS
SM
MD
LG