Достапни линкови

Трамп стави вето на продажбата на оружје на Емиратите и на Саудиска Арабија


Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да ја блокирање на продажбата на оружје на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати, вредно речиси две милијарди долари, објавија светските новински агенции.

Минатиот месец, државниот секретар Мајк Помпео, ги наведе заканите на Иран како причина да се одобри продажба на оружје вредно 1,8 милијарди долари на ОАЕ и на Саудиска Арабија, двајца сојузници на САД во Персискиот Залив.

XS
SM
MD
LG