Достапни линкови

Пендаровски ги потпиша указите за два нови гранични премини со Грција


Преминот Маркова нога во Преспа

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Северна Македонија и Грција за отворањето на два гранични премини, односно Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Според соопштението, претседателот смета дека Спогодбата ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини.

Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението, очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.

XS
SM
MD
LG