Достапни линкови

Хан - Владеењето на правото да преовлада


Прес-конференција на еврокомесарот Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев во Скопје

Еврокомесарот Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев ја повикаа Европската унија да си го оддржи зборот и да ѝ даде датум за преговори на Македонија во октомври. Ова тие го истакнаа на заедничката прес-конференција во Клубот на пратеници во Скопје. Хан изјави дека земјава е блиску да голем чекор во октомври. Тој рече дека жали за тоа што се случи во јуни, иако земјата испорача сè што се бараше од неа. Хан додаде дека е неопходно Владата да се фокусира на продолжување на реформите.

Хан апелира до сите партии да дозволат владеењето на правото да преовлада, зашто тоа не е важно само за евроинтеграциите, туку е и за доброто на граѓаните. Тој порача дека корупцијата и оранизираниот криминал се главните точки на кои треба да се фокусира владата.

Освен со Заев, комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, денеска во Скопје ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

XS
SM
MD
LG