Достапни линкови

Рускиот опозиционер Навални 30 дена во административен притвор


Навални во суд

Московски суд го осуди опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални, на 30 дена административен притвор. Мерката е наложена за да се спречи одржување на протест за поддршка на независни кандидати на изборите во градскиот совет во Москва, за кој властите не дадоа дозвола.

Пресудата е донесена неколку дена пред протесниот марш, кој критичарот на Кремљ и опозициски лидер планираше да го предводи во рускиот главен град во знак на протест против исклучувањето на неколку опозициските кандидати од локалните избори во септември.

На 20 јули, додека учествуваше на митинг на кој се бараше дозволување независни кандидати на изборите за Московската дума, Навални упати ултиматум до изборната комисија на руската престолнина.

XS
SM
MD
LG