Достапни линкови

Борис Џонсон наименува нови министри во британската влада


Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа, по преземањето на должноста, наименуваше министри во новата Влада, кои ќе му помогнат да спроведе Брегзит до 31 октомври.

Џонсон го назначи поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб, кој ја напушти владата на Тереза Меј поради нејзиниот договор за излегување на Велика Британија од ЕУ, за шеф на дипломатијата и за прв државен секретар. Нов министер за Брегзит е Стивен Баркли.

На списокот на членови на Кабинетот, меѓу другите, е и помладиот брат на новиот премиер, Џо Џонсон кој е наименуван за државен секретар во Министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија.

XS
SM
MD
LG