Достапни линкови

Пацоли се надева дека Северна Македонија ќе го ослободи уапсениот Морина


Беџет Пацоли

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли верува дека Северна Македонија многу бргу ќе го ослободи поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Томор Морина, кој вчера беше уапсен врз основа на потерница на Интерпол издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли преку својот Фејсбук профил информира дека е во тесен контакт со македонските власти и очекува ослободување на Морина. Тој додаде дека потерниците од Србија се бесмислени и без никаква законска основа.

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во областа Дукаѓин во Косово, вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце. Од македонското МВР за МИА потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.

Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина во Србија.

Косовското МНР претходно го осуди апсењето на Морина од страна на македонската полиција и најави дека проблемот на потерниците за поранешните припадници на ОВК издадени од Србија ќе го покрене пред Европската унија, со барање Брисел да преземе итни дејствија за, како што соопшти, спречување на ваквите случаи на злоупотреба од страна на Србија.

XS
SM
MD
LG