Достапни линкови

Косово не сака разговори, туку само признавање, обвинува Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Смедерево изјави дека претставниците на косовските власти се нервозни, дека не сакаат да разговараат, туку сакаат само Србија да го признае Косово.

Вучиќ рече дека не може да каже дали Србија има „повеќе симпатии“ во светот во врска со решавањето на косовското прашање, но и дека со претставниците на Приштина „малкумина разговораат“.

Тој кажа дека српските инвестиции во Косово се големи, какви со децении не биле, како и дека ќе се инвестира се повеќе и повеќе.

XS
SM
MD
LG