Достапни линкови

Новиот деловник со употребата на албанскиот јазик изгласан без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ


Собранието ги усвои измените на Деловникот за работа на законодавниот дом со 63 гласови, но без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Амандманите предложени по скратрена постапка од страна на претседателот на парламентот, Талат Џафери, не беа гласани само од најголемата македонска опозициска партија.

Како што вчера изјави претседателот на парламентот, Џафери, промените се поврзани со усогласување на Деловникот за работа на Собранието со Законот за употреба на јазиците.

XS
SM
MD
LG