Достапни линкови

Русија призна вина за вчерашниот инцидент над Јапонското море


Илустрација

Официјална Москва соопшти дека упадот на воениот авион во воздушниот простор на Јужна Кореја, над Јапонското море, не бил намерен, објавија новинските агенции. Висок руски воен претставник изразил длабоко жалење до јужнокорејското министерство за одбрана за инцидентот, а како објаснување зошто се случило тоа навел технички проблем.

Сеул вчера соопшти дека руски воен авион два пати го нарушил неговиот воздушен простор. Рускиот министер за одбрана луто ги отфрли овие тврдења.

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека нивни воени авиони учествувале во заедничка воздушна патрола со кинески воени авиони над Јапонското море и Источно кинеското море, што е воопшто прва воздушна патрола помеѓу двете држави.

XS
SM
MD
LG