Достапни линкови

Филип Рикер на средби во Солун


Филип Рикер

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, денеска во Солун се сретна со заменикот министер за внатрешни работи на Грција, надлежен за Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу, со митрополитит Антимос и со новиот солунски градоначалник Константинос Зервас, јави дописничката на МИА од Атина.

„За време на разговорот стана збор за зајакнување на билатералните трговски односи, за инвестициските можности во поширокиот регион на северна Грција, како и за интересот на американските компании да инвестираат во Македонија и Тракија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грција за средбата на заменик министерот надлежен Македонија и Тракија со американскиот помошникот државен секретар.

Рикер беше придружуван од Генералниот конзул на САД во Солун, Грегори Флегер, кој за средбата со заменикот министер надлежен за Македонија и Тракија на Твитер напиша дека разговарале за „развојните перспективи на северна Грција и блиска соработка со амбасадата на САД во Атина и конзулатот на САД во Солун“.

Во однос на средбата на Рикер со новиот солунски градоначалник, Флегер напиша дека тој и помошникот државен секретар на САД му посакале успех на Зервас на неговата нова позиција и дека очекуваат да продолжи нивното „силно партнерство со градот што ја обновува централна улога во срцето на Балканот“.

По посетата на грција, Рикер доаѓа во Македонија.

XS
SM
MD
LG