Достапни линкови

Чавушоглу: Ако останат визите за ЕУ, нема да ги враќаме мигрантите назад


Мевлут Чавушоглу и Федерика Могерини

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, се закани дека Турција ќе се откаже од Договорот за реадмисија со ЕУ се додека европскиот блок не го исполни своето ветување за безвизен режим на турските државјани, објавија новинските агенции.

„Ние нема да чекаме на вратите на ЕУ. Беше договорено дека Договорот за реадмисија и безвизниот режим ќе стапат во сила истовремено“, истакна Чавушоглу.

Официјална Анкара се согласи да ги враќа мигрантите кои илегално пристигнуваат на територијата на ЕУ, а за возврат да добие безвизен режим за граѓаните на Турција.

XS
SM
MD
LG