Достапни линкови

Европа се повеќе „чита“ аудио книги


Според последните податоци, продажбата на аудио книгите лани се зголемила за 43 отсто, а на печатените паднала за пет отсто.

Последниве години продажбата на книги опаѓа, а во западна Европа аудио книгите стануваат се попопуларни. Дури и еден од најчитаните автори во последно време, Марк хадон, вели не прочитал ниту една книга додека не му била прочитана, објави „Обсервер“.

Според последните податоци, продажбата на аудио книгите лани се зголемила за 43 отсто, додека продажбата на печатената книга е намалена за пет отсто. И тоа е прв ваков пад во последните пет години.

Според едно истражување во 2016 година се покажало дека 91 отсто испитаници не правеле разлика дали текстот го читаат или слушаат. На издавачите, исто така, им било важно книгата да се продаде, сеедно во која форма - печатена или аудио.

XS
SM
MD
LG