Достапни линкови

Навални пак уапсен


Алексеј Навални

Московската полиција пак го уапсила опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални, се уште не се објавени аргументите на властите за приведувањето, објавија новинските агенции.

Навални на својот профил на Инстаграм напиша дека кога излегувал од домот пред него го чакал „мал автобус со ОМОН“ (одред на полицијата за специјални намени).

На 20 јули, додека учествуваше на митинг на која се бараше дозволување независни кандидати на изборите за Московската дума, Навални упати ултиматум до изборната комисија на руската престолнина.

„Ако за една недела не бидат регистрирани опозиционерите за изборите во Москва, следната сабота ќе влеземе во градската куќа“, кажа тогаш тој.

XS
SM
MD
LG