Достапни линкови

Париз му порача на Техеран да го почитува нуклеарниот договор


Абас Арагчи

Француското Министерство за надворешни работи на иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Арагчи му пренело дека Техеран мора да се врати кон почитување на нуклеарниот договор и да ги преземе неопходните чекори за ублажување на тензиите во регионот на Заливот. Заменик шефот на иранската дипломатија вчера во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа британските медиуми.

Цел на средбата беше пратеникот на иранскиот претседател да се потсети дека ние очекуваме Иран брзо да се врати кон своите обврски преземени врз основа на спогодбата од Виена и да ги преземе неопходните чекори за смирување на тензиите, соопшти француското МНР.

Арагчи беше главниот ирански преговарач во нуклеарниот договор од 2015 година, според кој Иран се согласи да ја ограничи својата атомска програма во замена за ублажување на економските санкции, потсетија британските медиуми.

XS
SM
MD
LG