Достапни линкови

Марк Еспер нов американски секретар за одбрана


Марк Еспер

Марк Еспер и официјално стана нов американски секретар за одбрана откако синоќа положи заклетва пред претседателот Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. Кандидатурата на Еспер вчера беше одобрена од Сенатот.

На тој начин, за првпат по повеќе од шест месеци Пентагон доби активен командант – без префиксот „вршител на должноста“. Еспер, кој пред оваа функција беше министер за копнените сили во структурата на Пентагон, кон крајот на јуни беше назначен за началник на одделот.

Пред тоа, ингеренциите на министер за одбрана ги извршуваше Патрик Шанахан, кого Трамп на крајот одлучи да не го предлага за одобрување пред Сенатот.

Претходниот министер за одбрана, Џејмс Матис, кој на функцијата беше од почетокот на администрацијата на Трамп, во јануари 2017 година, на 31 декември 2018 година си поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG