Достапни линкови

Протест на Токио поради воздушниот инцидент на Москва и Сеул


Јужнокорејски авион КФ-16 со истрели го предупредил рускиот борбен авион дека го нарушил јужнокорејскиот воздушен простор

Токио вложи протест до Сеул и Москва поради инцидентот кој се случи над Јапонското Море, кога јужнокорејски борбени авиони со истрели предупредиле руски авиони.

„Такви активности над нашата територија се неприфатливи“, соопшти јапонската Влада, додавајќи дека е вложен дипломатски протест.

Јужнокорејски борбени млазни авиони отвориле оган за предупредување, откако наводно руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Јужна Кореја. Според јужнокорејското Министерство за одбрана, еден руски авион влегол во воздушниот простор на земјата, но Русија тоа го отфрла.

XS
SM
MD
LG