Достапни линкови

Трамп: Му честитам на Џонсон, ќе биде одличен


Американскиот претседател Доналд Трамп му го честиташе на Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија.

„Му честитам на Борис Џонсон што стана нов премиер на Обединетото Кралство. Ќе биде одличен!, напиша Трамп nа Твитер.

Џонсон денеска беше избран за нов претседател на Конзервативната партија, а со тоа и иден премиер на Велика Британија. Тој убедливо го победи противкандидатот, актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, освојувајќи 92.153 гласови наспроти 46.656 гласови.

XS
SM
MD
LG