Достапни линкови

Катимерини: Турција сака подобрување на односите со Грција


Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара сака да ги подобри односите со Грција и да усвои пакет-аранжман на односите, кои ќе ги вклучуваат и односите меѓу двете земји во Егејското Море и на источниот Медитеран, објави грчкиот весник Катимерини.

Според весникот, Чавушоглу изјавил дека во источниот Медитеран не се потребни понатамошни истражувања или дупчења кои Турција ги спроведува веќе некое време, но додаде дека Турција нема да дозволи никој да ги оспорува нејзините суверени права во таа област.

XS
SM
MD
LG