Достапни линкови

Вториот телефон на Катица Јанева пронајден кај друго лице


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Пронајден и одземен е и вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека телефонот по кој се трагаше е пронајден вчера и ќе биде даден на вештачење.

„По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. Со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, се вели во соопштението од Обвинителството.

XS
SM
MD
LG