Достапни линкови

Во Вашингтон средба Трамп - Кан, главна тема борбата против тероризмот


Доналд Трамп и Имран Кан

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го притисне пакистанскиот премиер Имран Кан да се бори против терористичките групи во неговата земја и да го поддржи мировниот процес во Авганистан, за време на нивната прва средба во Вашингтон.

Кан, крикет ѕвезда кој победи на изборите во минатата година, денеска доаѓа во прва посета на САД. Пакистанскиот лидер ќе биде придружуван од највисоките воени лидери и разузнавачки офицери, јасен знак дека доминантни теми на средбите ќе бидат војната во Авганистан и тероризмот.

XS
SM
MD
LG