Достапни линкови

Филип Рикер неделава ќе ја посети Македонија


Филип Рикер и Зоран Заев

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер ќе ја посети Северна Македонија, каде што ќе се сретне со претставници на владата, граѓанското општество и бизнисот, соопшти Стејт Департментот.

Рикер ја почна својата турнеја со посета на Грција, а подоцна во текот на неделава ќе допатува во Скопје.

Предвидени се средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Никола Димитров и со други претставници на власта, на кои ќе биде разговарано за билатерални прашања и за патот на земјава кон членство во НАТО и ЕУ.

XS
SM
MD
LG