Достапни линкови

Анѓушев: До крајот на 2020 година просечна плата 30.000 денари


Вицепремиерот Кочо Анѓушев

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека просечната плата ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финансирани од државата.

„Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во споредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме“, изјави Анѓушев при денешната посета на Општина Градско.

Тој најави дека Владата има намера да им помогне на компаниите како да ги зголемат платите на своите вработени и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, бидејќи, според него, токму за тоа е пресудна платата.

XS
SM
MD
LG