Достапни линкови

ОТА следи 159 комуникации, можно е некои да се поврзани со „Рекет“


Илустрација

Директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски изјави денеска дека во моментов активно се следат 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“.

„Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви. Претпоставувам дека ако Судот или Обвинителството кажало дека ПИ мерките се активирани, тоа значи дека тие ПИ мерки одат преку ОТА. Со сигурност не можам да ви кажам бидејќи не е работа на ОТА за тоа кој е следен“, рече Ангеловски.

Според него, следењето на комуникациите е максимално безбедно и не може да случи истекување на разговорите. ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации. Во посета на ОТА денеска беше собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, со која претседава пратеникот Емил Димитриев.

XS
SM
MD
LG