Достапни линкови

Експретседател на Киргистан трет пат одбива да се појави на сослушување


Алмазбек Атамбаев

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, по третпат не го испочитува судскиот налог и не се појави на сослушување во Министерството за внатрешни работи во врска со истрагата против него.

Адвокатот на Атамбаев, Сергеј Слесарев изјави за РСЕ дека неговиот клиент ја одбил поканата поради одлуката на парламентот кој минатиот месец му го одзема имунитетот кој го штитеше од судско гонење. Се уште не се знае на што се однесува истрагата против Атамбаев.

XS
SM
MD
LG