Достапни линкови

САД воведоа нови санкции спрема Иран


Мајк Помпео

Американското министерство за финансии вчера воведе дополнителни санкции спрема Иран, кои се насочени кон неговата програма за нуклеарно збогатување. Тоа се првите рестриктивни мерки откако Техеран претходно овој месец објави дека ќе ги зголеми нивоата на збогатување на ураниум над оние дозволени според условите на нуклеарниот договор од 2015 година.

Црната листа вклучува пет лица и меѓународна група компании во Иран, Белгија и Кина, кои делувале како снабдувачка мрежа за иранската нуклеарна програма. Лицата и субјектите се предмет на замрзнување на средства во рамките на САД и ќе им биде оневозможен пристапот до американскиот финансиски систем, а се наведени и како "одговорни за ширење на оружје за масовно уништување", изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

XS
SM
MD
LG