Достапни линкови

Рикер апелира ситуацијата во Албанија да се реши преку институциите


Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер апелира до политичките партии во Албанија да ја решат ситуацијата во рамки на Уставот. Според него, Албанија треба да ги искористи своите институции за надминување на ситуацијата, а бојкотот на изборите на 30 јуни од страна на опозицијата не било она што САД сакале да го видат во земјата.

Рикер на форум организиран од Атлантскиот совет во Вашингтон порача и дека САД нема да бидат судија во внатрешната политика на Албанија, туку ќе продолжат „да ги охрабруваат сите страни да работат заедно со институциите и да ги преземат вистинските чекори за да продолжат понатаму“.

XS
SM
MD
LG