Достапни линкови

„Дрисла“ станува јавно претпријатие во надлежност на Град Скопје


Депонијата Дрисла во близина на Скопје

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука „Дрисла“ повторно да стане јавно претпријатие во надлежност на градот и поништени се претходните договори и постапки за давање на депонијата под концесија.

„Советот на Град Скопје изгласа одлуки со кои се поништува претходната одлука за избор, но и се поништува целата постапка за избор на концесионер на депонијата „Дрисла“, со што по осум години правни игри, правни шпекулации и правни перипетии успеавме Град Скопје да го извадиме од тие лавиринти и конечно да ја исчистиме состојбата со претходно сериозно водена контроверзна постапка за избор на концесионер во депонијата“ изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов по завршувањето на седницата.

XS
SM
MD
LG