Достапни линкови

Министерот Димитров на панел дискусија во Атина


Никола Димитров

Во рамките на „23-та тркалезна маса со грчката влада“ организирана од „Економист“ во Атина, на панел дискусија посветена на предизвиците во надворешната политика, ќе учествува министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

Конференцијата на „Економист“ започна вчера, а Димитров ќе учествува на денешната прва сесија на која ќе говори за Балканот по Договорот од Преспа и како енергетиката влијае на регионалната геополитика. Заедно со него, на панелот ќе учествуваат и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања Милтијадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат.

Во текот на вчерашниот ден, на различни панел дискусии учествуваа министри од новата грчка влада, како и поранешната помошничка државен секретар на САД Викторија Нуланд, поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, поранешниот италијански премиер Матео Ренци.

XS
SM
MD
LG