Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со реакција за случајот со „Боки 13“


Менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13

Од СДСМ соопштија дека актуелниот случај покренат од обвинителството против Бојан Јовановски, менаџер на 1ТВ и бизнисменот Зоран Милевски е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани, обвинителство и МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. Според владејачката партија, државата изградила институции и создала систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

„Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Од опозицијата порачуваат дека премиерот Зоран Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани.

„Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат и кои се „Кики“ и „Фрики“, како и јавниот обвинител и зошто неговиот идентите се крие?

XS
SM
MD
LG