Достапни линкови

Трамп повторно ги нападна демократските конгресменки


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги нападна четирите демократски пратенички во Конгресот. „Се што прават е само да се жалат“, рече Трамп во Белата куќа.

„Ова се луѓе кои ја мразат нашата земја. Доколку не сте среќни тука, може да си заминете“, напиша Трамп на Твитер и ги обвини пратеничките дека се поддржувачи на терористичката организација Ал Каеда.

Тој додаде дека САД нема никогаш да биде социјалистичка или комунистичка земја. Запрашан од новинарите дали е загрижен што многу луѓе ги оценија неговите коментари како расистички, Трамп порача дека не го загрижува тоа оти многу луѓе се согласуваат со него.

Трамп алудира на пратеничките Александрија Окасио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота и Рашида Тлаиб од Мичиген и Ајана Пресли од Масачусетс.

XS
SM
MD
LG