Достапни линкови

ОН загрижени за ограничувањето на движење на Зариф во САД


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

ОН изразија загриженост за одлуката на САД да го ограничи движењето на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за време на неговата посета на Њујорк.

Зариф пристигна во Њујорк пред два дена, а утре ќе присуства на средба на Советот за економија и Советот за безбедност на ОН. На Зариф му е дозволено само да патува до седиштето на ОН, мисијата на Иран во ОН, резиденцијата на иранскиот амбасадор и аеродромот Џон Кенеди.

XS
SM
MD
LG