Достапни линкови

Помпео: Северна Кореја и САД мора да бидат креативни


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Северна Кореја и САД може да бидат „малку повеќе креативни“ во услови кога двете страни бараат начин да ги обноват разговорите за ставање крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг. Тој не посочи кога би почнале преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со северонокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатиот месец. Трамп стана првиот претседател на САД кој ја посетил Северна Кореја и притоа тие се согласија да ги обноват преговорите.

XS
SM
MD
LG