Достапни линкови

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд- Скопје го одби барањето за одложување на затворската казна на бизнисменот Сеад Кочан кој е осуден на четири години и осум месеци за случајот „Труст“ на СЈО. Кочан на 17 јули треба да се јави во затвор на издржување на затворската казна.

Воедно, како што посочуваат од Судот, кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потребно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени. Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.

XS
SM
MD
LG