Достапни линкови

Фон дер Лајен се залага за датум за преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ


Кандидатката за нов претседател на Европската комисија, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен

Кандидатката за нов претседател на Европската комисија, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен вели дека останува посветена на започнување преговори за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и Албанија.

Таа во одговор на прашања на групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Фон дер Лајен посочува дека е посветена на тоа и покрај противењето на некои лидери на земји членки на Унијата, меѓу кои се и францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте.

Фон дер Лајен минатата недела при претставувањето на својата програма во Европскиот парламент изјави дека Северна Македонија претставува „светол пример“ за тоа „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел, а во случајов членството во ЕУ“.

XS
SM
MD
LG